Седум години трансформација
на транс уметникот Соња
Сајзор
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и
Источна Европа
Плакарот не е место за живеење. Сепак, за повеќето геј и транс луѓе кои
живеат во хомофобична и трансфобична средина налик на оваа нашата,
реалноста е многу тешка. Доколку не се кријат во своите плакари, тогаш квир
луѓето од Балканот живеат во мали, но сигурни места. Помеѓу јавните личности
скоро и да нема личност од ЛГБТ заедницата со исклучок на мал број на
активисти. Првата јавно декларирана лезбејка при тоа министерка, во новата
Влада, несомнено е реткиот историски момент за зголемување на видливоста
на ЛГБТ луѓето не само во Србија, туку и во поширокиот регион.
Малку се оние луѓе кои се подготвени да ја ризикуваат својата егзистенција
и да ја споделат својата приказна со светот. Ханде Кадер, транс жена и ЛГБТ
активистка, неодамна е силувана и брутално убиена во Турција. Во Бразил,
домаќинот на овогодинешните Олимписки игри, на секои 24 часа се случува
по едно убиство на трансродова личност. Трансродните жени и мажи во
Србија, па и пошироко во светот, се се почесто прогонувани, психички и
физички малтретирани, убивани. Нивната присутност во јавноста е сведена на
минимум и најчесто во медиумите се прикажани како жртви.
Но, тоа не е случајот со транс уметникот Соња Сајзор.
9