S-Work S-Work | Page 8

Но, ACLU и организациите за застапување на сексуалните работници не се единствени во нагласувањето на негативните ефекти кои ги има криминализацијата на сексуалната работа. Претходно оваа година Амнести Интернешнал објави студија врз основа на неколку години на собирање докази, при што заклучува:
„ Со цел да се заштитат правата на сексуалните работници, неопходно е не само да се укинат законите со кои се криминализира продажбата на секс, но, исто така, да се укинат и оние закони кои го сметаат купувањето сексуални услуги од возрасни лица за кривично дело.”
Од Амнести Интернешнал дообјаснуваат: „ Ваквите закони ја компромитираат безбедноста на сексуалните работници, и со забрана на нивните активности придонесуваат истите да се кријат и да работат тајно. Сексуалните работници се одрекуваат од поддршката или заштитата од владините организации со што се кршат нивните основни човекови права како правото на безбедност, правото на дом и здравственото осигурување.”
8