Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа
Сексуалните работници во Њу Џерси се апсат поради нарушување на јавниот ред и мир со што се загрозува нивната безбедност
Полицијата во Њуарк, Њу Џерси, САД, неодамна уапси 13 сексуални работници и клиенти под обвинение за врешење проституција. Овие остри мерки се преземени и покрај истражувањето за негативното влијание кое го има криминализација на сексуалната работа врз здравјето и безбедноста на сексуалните работници и нивните клиенти. Воедно во ова истражување се покажало дека сексуалните работници и клиентите, всушност можат да допринесат многу во борбата против криминалот и дека постоењето на сексуалните работници, јавните куќи и бордели има позитивно влијание за локалните економии.
Американската унија за граѓанска слобода( ACLU) од Њу Џерси се огласи во однос на апсењето на 13 лица под обвинение за проституција, нагласувајќи дека овие апсења се дел од рацијата која полицијата во Њуарк ја спроведува врз лица кои го нарушуваат јавниот ред и мир во градот, како што се на пример просењто, расфрлувањето на отпад и непримерно однесување.
Додека спречувањето на загадувањето на градот може да има позитивно влијание врз здравјето и безбедноста, останува прашањето дали со запирање на просењето и идејата да се криминализира сексуалната работа ќе се заштити нивното здавје и ќе се зголеми нивната безбедност. Извршниот директор на ACLU од Њу џерси, Удо Офер го даде својот коментар во однос на овој проблем:
„ Апсењето на 13 сексуални работници под обвинение за вршење на проституција во текот на изминатиот викенд предизвика да се отворат многубројни прашања во однос на стратегијата и политиката на работење на полицијата во Њуарк.
Искористувањето на системот за донесување на кривична правда со цел да се вознемирува и апси возрасно лице кое самостојно се согласува да разменува секс за пари е едноставно лош пример за искористување на законот. Овие апсења штетат на јавното здравје со стигматизација на сексуалните работници при што нивните животи стануваат се позагрозени. Овие остри мерки претставуваат опасност за нивната безбедноста и го поттикнуваат стравот помеѓу сексуалните работници, едноставно ги одвраќаат ранливите заедници да пријавуваат злоупотреба и насилство во полиција. Сексуалната работа не треба да се криминализира, полицијата е таа што треба да сее доверба меѓу заедниците, наместо да ги отуѓува најранливите и нивните постапки не треба да се сметаат за кривични дела”.
7