ситуацијата да си одат дома. Една жена пријави дека имало зголемено
насилство од страна на мажи кои и се заканувале да работи за нив. Таа изјави:
„Ако јас можам да ги видам овие насилници паркирани во близина каде што
работам, и ако јас можам да ги видам како одат кај жените и се обидуваат да ги
исплашат, тогаш зошто да не може ни полицијата?”
Оттука произлегува дека мотивот на полицијата е токму спротивното. Тие не
сакаат да ги фатат насилниците, и на некој начин им одговара истите да ги
заплашуваат сексуалните работници да не излегуваат на улица.
Жените стравуваат дека секој момент можат да бидат притворени од полицијата
и затоа нивното движење е ограничено. Повеќе не се собираат во групи, не
разговараат меѓу себе и ги собираат своите клиенти на изолирани места. Без
заштитата од полицијата, сексуалните работници ја земаат безбедноста во свои
раце.
„Една жена од северниот дел на Лондон пријавила насилство во полицијата,
и вака и одговориле: „Дали ти ни кажуваш дека си проститутка? Ако си, тогаш
имаме право да те уапсиме.” На крајот, оваа жена мораше сама да се справи
со насилните момци, наместо тоа да го направи полицијата, во спротивно би
била депортирана”, вели Лаура Вотсон, претставник на колективот за сексуални
работници во Англија.
Со напуштање на ВБ на ЕУ едноставно се загрозува безбедноста и работата
на голем број Романци кои долго живеат тука. Со цел да не бидат депортирани,
многумина би одбрале да останат и да работат нелегално. Притоа, насилството
ќе се зголеми и се повеќе насилниците ќе се обидуваат да им наштетат на
жените, искористувајќи ја нивната моментална ситуација.
6