S-Work S-Work | Page 5

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и

Романските сексуални работници

Источна Европа

кои работат во Лондон се загрижени поради излегувањето на Британија од Европската Унија

Со седиште во Лондон, романските жени кои работат како сексуалните работници го користат правото на ЕУ, да ја предизвикаат полицијата и да се борат за своите права. Во операцијата Nexus, биле следени романските сексуални работници и им било наредено да ја напуштат земјата бидејќи тие тврдат дека сексуалната работа не важи како легитимно вработување.
Со помош на колективот на сексуални работници во Англија, мал број жени се осудиле да се спротистават на оваа одлука, тврдејќи дека самовработените сексуални работници се легитимни во однос на правото на престој во земјата. Една од целите на операцијата Nexus е да се фатат сите криминалци и индивидуалци кои прават „ голема штета” на ЕУ, но жените велат дека тие се таргетирани неправедно – дека иако немаат криминално досие се подготвуваат за нивна депортација.
„ Јас сум сексуален работник кој работи самостојно и независно. Напуштањето на ЕУ ќе има директно влијание на мојата работа. Тоа е една од причините зошто ги поддржувам оние кои гласаат за останување во ЕУ. Сметам дека со Brexit ќе се загрози безбедноста, работата и животот на сексуалните работници“.
Еве како Операцијата Nexus се спроведува по улиците на Лондон, според Ана, романска активистка на колективот на сексуални работници во Англија:
„ Во текот на изминатите неколку месеци, полицијата постојано прави рација помеѓу сексуалните работници од Романија. Ги распрашуваат каде живеат, колку наплаќаат за услугите, колку заработуваат. Полицијата им приоѓа на „ пријателски“ начин, но сепак им земаат отпечатоци со цел да можат да ги следат. Потоа, одеднаш полицијата почна да ги задржува жените и да им дели писма за депортација тврдејќи дека ги прекршуваат правата за престој во оваа земја. Повеќето од жените се апсат и се чуваат во притвор по два или три дена, а притоа се одземаат нивните пасоши. Потоа им се вели доколку сакаат да го добијат пасошот назад ќе мора да им достават билет во еден правец до дома”.
Уште од 2012 година, кога започна операцијата Nexus, животот на сексуалните работнички од Романија е во потполен хаос, а тоа значи дека многу од жените се плашат да пријават насилство во полиција. Европскиот колектив на сексуални работници неодамна приготви и достави писмена жалба до Лондонската полиција во која се вели: „ Она што посебно не загрижува е дека извештаите за пријавено насилство се разрешуваат од страна на полицијата без да бидат разгледани, а на жените им се кажува дека ако не им се допаѓа
5