закани дека ќе ме чека долу пред вратата на судот. Јас од страв, од судијата веднаш
побарав да бидат задржани уште некое време додека јас да си заминам. Барањето
беше прифатено, правдата беше задоволена, мојот адвокат го доби случајот и како
сексуална работничка си ги добив своите права“.
Поголемиот дел од времето Елеонора го има поминато во странство работејќи и
нудејќи ги своите сексуални услуги.
„Покрај тоа што работев некое време во Македонија, работев и во странство. Надвор
од Македонија работев како транвестит, а во Швајцарија како жена. Имав работено
и во Западна Европа: во Австрија, Германија, Словенија и тоа како ескорт. Најчесто
работам во клубови, во станови на повик, сауни, и на отворена сцена. Ја сакам
работата со која се занимавам, меѓутоа поради несоодветни услови во Македонија,
работам во странство. Како сексуален работник се борам за своите права и за
целата заедница со која работам. Работам како сексуална работничка-активистка
и им помагам на своите колеги без разлика на националноста. Како активистка
должност ми е да ги советувам за нивната безбедност и здравје и да ги поттикнам
да се борат за своите права. Продолжувам да ја работам оваа работа со душа и тука
сум да помогнам на секој нов што сака да се вклучи во сексуалната работа“.
4