S-Work S-Work | Page 3

оштетениот, на крајот испадна да бидам тужениот. Во тој момент ја повикав инспекторката да разговарам со неа на само, бидејќи пред вратата се собраа група полицајци кои ме гледаа чудно и се смееа. Инспекторката ја затвори вратата и побарав да добијам адвокат и да биде повикана Брза помош, бидејќи не се чувствував добро, а воедно дека нема да одговарам на ниедно прашање без присуство на адвокат. Инспекторката дозна дека сум вработена во невладина организација. За брзо време во станицата пристигна Брзата помош, а докторите побараа да бидам однесен во болница поради повредите што ги добив на главата. Се качив во Брзата помош, придружуван од двајца полицајци и веднаш бев пренесен во болница. Откако завршија прегледите докторот побара да се направат и ренгтен снимки“.
„ Одејќи по ходникот, ги слушав вработените како ме оговараа за тоа што сум. Докторот кој ги слушнал навредите ме повика кај него во ординација и ми се извини во нивно име за навредите. Ми рече дека за него сите луѓе се исти со еднакви права и дека жали за тоа каков е менталитетот во нашата земја. Откако резултатите беа готови, докторот побара од полициските службеници да ме придружуваат до мојот дом. По неколку месеци поднесов приватна тужба. Бев шест пати повикан, од кои три пати обвинетиот не се појави. Знаејќи ги своите права побарав од судијата присилно да го донесе обвинетиот пред судот. Веќе на петтото судење беше присутен обвинетиот, заедно со неговиот чичко и адвокат, и јас бев со мојот адвокат и сведокот, кој го раскажа целиот настан. Во истиот момент чичкото на обвинетиот ми се доближи и ми се
3