S-Work S-Work | Page 2

Исповед на трансексуалната работничка - Елеонора Крос „Првата посериозна врска ја започнав на 14 годишна возраст која траеше точно три години“ – започнува да раскажува Елеонора (уметничко име). „Откако првата врска ми престана на само 17 години, почнав да нудам сексуални услуги. На почетокот како нова сексуална работничка имав премногу клиенти, но со текот времето бројот на клиенти почна да се намалува. Потоа започнаа проблемите. Добивав закани од страна на други сексуални работнички и од луѓе кои не беа запознаени со ваков тип работа. Бев дискриминирана поради тоа што ја намалив цената на услугите. Но и покрај заканите сеуште се борам за моите права затоа што знам дека тоа е мое тело и можам да правам со него што сакам“. Како сексуална работничка Елеонора додека работела на отворена сцена била нападната од страна на еден клиент, а немилиот настан го раскажува во целост: „Додека работев на отворена сцена, ми се случувало да бидам психички и физички нападната од страна на стрејт клиенти, откако ќе дознаат дека сум всушност маж. Едниот од нив дури ми се обрати со дрзок глас да ја извадам периката, на што јас се спротиставив и му одговорив само со НЕ. Поради тоа почна да ме напаѓа и психички и физички. По немилиот настан, појдов во полициска станица, каде што дадов изјава за нападот, но инспекторката што беше таму ми одговори дека без информација некаква за напаѓачот неможе да се покрене никаква постапка. Откако и кажав кој сум и со што се занимавам и дека истиот тој што ме нападна физички е човек кој го познавам и кој живее во моја близина, побарав од инспекторката да бидам придружуван од полициска патрола за да им покажам кај живее напаѓачот. Токму во тој момент, на самиот излез во полициската станица се појави напаѓачот со видливи повреди на неговото лице“. „Додека јас давав изјава за нападот, без да бидам известен, во една од другите соби и тој давал изјава против мене. Ситуацијата се промени, наместо јас да бидам 2