S-Work S-Work | страница 10

Последните неколку години, позната е на белградската публика како драг квин со својот серијал на журки „Троник Лаб“. Од почетокот на Август 2016 година Соња започнала да се претставува како транс жена. Не постојат доволно зборови со кои би можело да се опише нејзината храброст. „Повеќе не се чувствувам како драг квин. Дрaг ми беше привремено решение, затоа што отсекогаш ме интересирале сценските настапи, но дефинитивно не сакам да бидам во центарот на внимание уште кога бев дете. Но, како што мојата транзиција напредува, така се помалку ми е потребна заштита, затоа што сега, ЈАС СУМ ЖЕНА“ – има напишано на својот Фејсбук статус. Родена е во 1993-та во Шабац, Србија, а нејзините почетоци со јавните настапи се на 16 годишна возраст и истите биле сведени на пишување и рецитирање на сатирични поезии, бурлески, и стенд-ап комедии. Истовремено, експериментирала со фотографирање, користејќи скромна камера од својот мобилен телефон. 10