S-Work S-Work | Page 11

На 18 годишна возраст се преселила во Белград и многу брзо по нејзината преселба била нападната и претепана на улица додека се враќала со дечкото накај дома. За нападот била обвинета од својот дечко; дека тоа се случило поради тесната облека која ја носела и бланшираната коса. Соња кажува дека нападот целосно ја променил и и ја потиснал женственоста, и се обидувала да ја исполни својата општествена улога како мажествен маж.
Се враќа во родниот Шабац, и се обидува да се вклопи во сликата на хетеросексуален маж поради своја безбедност. Меѓутоа, иако ова повлекување во сигурна зона, криење и одрекување од својот вистински идентитет, привремено и донело олеснување и сигурност, сепак таа живеела во константна депресија и анксиозност. После нервниот напад, за кој верува дека е поради ваквото скриено однесување, решила да се бори да стане она што навистина е.
Својата трансформација, како млад визуелен уметник, Соња започнала да ја документира пред седум години, на свои 16 години. Повеќегодишната тренсформација, ја објавила на својот личен профил Tumblr, како еден вид на виртуелна изложба- СЕДУМ-7 години на Соња.
Следи интервју со Соња, во кое открива повеќе за својата трансформација, за менталното здравје, за драг квин културата, за уметноста во Србија и пред сè за самата себеси.
11