S-Work S-Work | Page 12

Која е всушност Соња Сајзор? „Соња Сајзор: Ја сум транс жена и ,,Соња е мојот вистински идентитет со кој живеам секојдневно. Родена сум во Шабац и живеам во Белград. Работев како шанкерка за да преживеам додека живеев сама во Белград, а фотографирањето, костимот, шминката, пуштањето музика како ДЈ беа само сфери во уметноста во кои се обидував да се пронајдам себеси. Во некои се пронајдов повеќе, во некои помалку. Пишувам музички текстови и отсекогаш сум сакала да се занимавам со пеење, но никогаш не запознав луѓе кои би ми помогнале во тоа. Од минатата година, го подготвувам својот музички проект и сум нетрпелива да го споделам со својата публика.“ Ја подготвуваш виртуелната изложба СЕДУМ. Кажи нешто повеќе за твојата седумгодишна трансформација? „СЕДУМ (Seven) го документира периодот од мојата 16-та до 23-та година. На 16 годишна возраст станав свесна за тоа што значи трансродност, и да започнам да отстапувам од улогата која ми беше доделена уште од самото раѓање. Но, медицинската транзиција ја започнав на 23 годишна возраст, поради недостаток на информации, едноставно лутав се до тогаш зошто незнаев ништо за тоа“. Зошто ти е важно со оваа изложба и интимна приказна да настапиш јавно? 12