„ Секогаш се дискредитирам себеси. Си велам дека не сум сработила нешто важно за себеси и дека не сум направила напредок. Секогаш кога ќе тргнам да го работам тоа, погледнувам во овие слики, и се присетувам колку работи сум направила и дека всушност сум напредувала. Меѓутоа, имам забележано дека многу луѓе кои денес се занимаваат со транс активизамот и квир уметноста се обидуваат да ме дескридетираат без причина. Го споделив своето остварување јавно, од истите причини како и секој друг уметник, едноставно затоа што сакам да раскажувам за работите кои сум ги направила. Би лажела ако кажам дека не сум сакала да плукнам во лицата на некои луѓе кои денес се занимаваат со транс,, активизмот’’, а во 2010-та излегуваа на парадата со цел да ја уништат, како и на некои млади уметници кои допрва влегуваат во квир уметноста и кои мислат дека се подобри од мене, а во 2009-та немаа поим кој е Џон Вотерс. СЕДУМ претставува една поразлична Соња, која предолго била скромна, а сега се осудува да каже кој е главен тука“.
Од драг квин до транс уметник, си успеала да да ја донесеш драг сцената и квир уметноста во Белград. Каква е таа сцена и што мислиш, што е потребно да се случи за истата да се зајакне и опстане?
„ Уште една работа која СЕДУМ ја претставува, а тоа е мојата транзиција од беспомошно дете кое прави фотографирање со камера од пет мега пиксели на телефонот, до уметнички директор на професионални фото сесии, која телефонира со главните сопственици на просторот во кој се снима, контактира со дизајнери и спонзори.
Во Април бев во Нови Сад во посета на уметничка изложба HOUSE OF KIL- LIX. Тогаш ме фотографираше Филип Раденовиќ, кој исто така се занимава со
13