S-Work S-Work | Page 14

фотографирање на квир луѓе. Не фотографираше заедно со уште еден дечко во еден ходник, при тоа наместо рефлектор користевме столна ламба која ја лепевме со селотејп на ѕид. Тоа е тоа, снајди се сам“. Соработуваш и со други уметници и креатори. Со кој најмногу сакаш да соработуваш? „Со Ивана Рајиќ, која е автор на повеќето мои фотографии. Таа искрено е моја лева и десна рака и нога. Без неа би била потполно изгубена. Ивана и јас соработуваме веќе година и пол заедно. Таа во потполност го разбира мојот визуелен идентитет“. Каде се гледаш себеси во иднина? „Се трудам да не планирам однапред ништо посебно. Секако ќе следуваат нови перформанси на нови локации, но најважно е тоа што конечно луѓето почнаа да го прифаќаат мојот концепт. Единствениот план кој го имам е да продолжам да ги мотивирам луѓето да се забавуваат лудо“. 14