Стигмата е особено присутна кај оние сексуални работници кои ја работат оваа работа како
единствена, кај оние кои употребуваат дроги, трансродовите сексуални работници, мигранти,
самохрани родители или сексуалните работници кои работат на улица. Кај овие маргинализирани
заедници степенот на насилство од страна на полицијата, малтретирањето и криминализацијата е
особено висок.
Сексуалните работници кои живеат со ХИВ се апсат од страна на полицијата, и покрај тоа што
немаат никакви докази дека пренесуваат ХИВ или пак се вклучени во сексуални односи без
заштита.
Стигмата исто така се манифестира во политички и регулаторни рамки кои ги криминализираат
или лиценцираат сексуалните работи, барајќи од нив да имаат задолжително медицинско
тестирање или постојана регистрација во полициските или владините бази на податоци, се со цел
да се намали видливоста на сексуалната работа.
Стигмата ги става сексуалните работници во ризик. Криминализацијата на сексуалната работа и
задолжителната регистрацијата на сексуалните работници само го зголемува насилството врз нив.
Стигмата е причина за намалување на можностите на сексуалните работници да се обратат за
поддршка, пристап до здравствената заштита, човековите права и правдата.
Намалувањето на стигмата бара не само правни и политички промени, туку и културолошки
промени. За да се намали стигмата потребно е да се направат следниве неколку чекори:
декриминализација на сексуалната работа, да се промени законот против дискриминација и да се
финансираат поголем број организации за заштита на правата на сексуалните работници.
Емоционалната цена која ја плаќаат сексуалните работници кои се стигматизирани и
дискриминарини е навистина голема. Сексуалните работници и понатаму продолжуваат да се
мобилизираат, да се ангажираат и да се борат против стигмата. Но, една од најподмолните
последици од стигмата е нејзиниот потенцијал да го ограничи бројот на сексуалните работници да
се борат за нивните основни човекови права.
6