Стигмата и дискриминацијата ги
спречува сексуалните работници да се
здружуваат и да се борат за своите
права
И
ако здруженијата на сексуални работници ширум светот лобираат за декриминализација на
сексуалната работа, сепак во повеќето земји законот за регулација на сексуалната работа и
понатаму останува контроверзен. Присутвото на стигма и дискриминација негативно влијае врз
сексуалните работници, го спречува нивниот активизам и ги спречува да се организираат и
здружуваат со цел да се борат за своите права.
Стигмата е знак на срам, социјална дискредитација или расипан идентитет. За сексуалните
работници, правниот, културниот и социјалниот дискурс се карактеризираат со „склоност кон секс,
сексуално искушение, бес и одвратност".
Приказните за сексуалната работа како непожелна и неморална и сексуалните работници како
жртви се силно вметнати во културната имагинација на луѓето во скоро секое општество.
Сите сме сведоци на различниот медиумски третман кои го добиваат сексуалните работници кои
се жртви на насилство, чии животи ги сметаат за помалку вредни. Помеѓу нив е известувањето за
ужасното убиство на Мајанг Прасието, сексуална работничка од Индонезија, проследено со лоши
и навредливи коментари, меѓу кои и:
„Ниту едно мало девојче не расте, сакајќи да биде сексуален работник, фала му на Бога“.
Со испитување на индивидуалниот и институционалниот третман кон сексуалните работници се
открива како сексуалноста е организирана и поделена во општеството, како одредени видови на
интимности се наградуваат додека други се казнуваат.
Истражувањата покажале дека со дискриминацијата на сексуалните работници им се
оневозможува пристапот до одредени услуги, како што е домување или сместување, можности за
вработување и добивање еднаква правда. Сексуалните работници се соочуват и со стигма и
дискриминација и во пристапот до социјални и здравствени услуги.
5