На крајот на краиштата, декриминализацијата ќе им помогне на сексуалните работници да
заземаат повеќе јавни места, ќе им овозможи да зборуваат гласно за себе и да имаат право на
изразување во законите што се создадени за да управуваат со нивното постоење и работа.
Сексуалните работници шират сексуално преносливи инфекции
Сексуалните работници се изложени на поголем ризик од пренос на СПИ, а во повеќето случаи,
живеат со нив, во недостаток на здравствени политики насочени кон нивната благосостојба. На
пример, во Индија, Националната организација за контрола на СИДА (NACO) започна програма за
дистрибуција на кондоми, насочена кон сексуалните работници во 2008 година - потег што беше
критикуван од страна на групите за застапување и помош, што не ги става на располагање
информациите за сексуално здравје до сексуалните работници. Тие бараат задолжително
здравствено осигурување за сексуалните работници, и да се декриминилаизиираат нивните
работни места, за да можат јавно да ги добиваат сите потребни социјални, здравствени и правни
услуги.
На места каде сексуалната работа е декриминализирана или легализирана, случаите на СПИ се
намалуваат. Во Род Ајленд, САД, сексуалната работа била декриминализирана од 2003 до 2009
година - во тој период, „државата забележала големо намалување на силувањата и големо
намалување на зачестеноста на гонореја кај мажите и жените“, според студијата на UCLA.
Декриминализацијата на сексуалната работа ќе ја зголеми популацијата на
сексуалните работници
Не, нема. Но, дури и ако тоа се случи, па што? Тоа би значело дека повеќе луѓе ќе имаат шанси за
стекнат работен однос, во индустрија која е заштитена и која ќе им даде можност за егзистенција.
Криминализацијата на сексуалната работа е таа која ги прави условите за работа небезбедни кај
сексуалните работници. Штом се декриминализира, сексуалните работници ќе можат да изберат
каде ќе работат и ќе имаат можност да добијат пристап до чисти, безбедни и здрави работни
места - како и сите останати луѓе кои работат во која било друга професија.
4