S-Work No.86 86 | Page 7

Приватните  домови  на сексуалните  работници  низ фотографии Л индзи Ајрин (32) е фотограф на сексуални работници која живее и работи во Отава. Фотографиите кои таа ги прави се појавуваат на страниците за рекламирање преку Интернет за сексуални работници, како неопходна алатка за маркетинг преку која тие ги промовираат своите сексуални услуги. Иако нивната работа во моментов е ставена под ризик, поради новиот закон во САД, СЕСТА-ФОСТЕ - нов американски закон со кој се забрануваат сексуални активности, како и рекламирање на услугите кои ги нудат сексуалните работници преку Интернет. Сексуалните работници тврдат дека усвојувањето на овој закон буквало ја загрозува доброволната сексуална работа. Неодамна, Линдзи започнала проект за кој се надева дека ќе помогне да се хуманизираат сексуалните работници во време кога нивното постоење се доведува во прашање. Таа преку своите фотографии во нивните приватни домови ги овековечува животите на сексуалните работници. „Секогаш кога медиумите зборуваат за сексуални работници, вообичаено е да се прикаже фотографија од девојка или жена облечена во мрежести чорапи како стои на аголот на улицата“, објаснува Линдзи. „Имам впечаток дека ако јавноста може да го види нивното човечко лице, ќе може да ги препознае сексуалните работници како нормални луѓе кои живеат меѓу нас - и можеби перцепцијата за нив ќе се промени“. Постои општ негативен став кон сексуалната работа и сексуалните работници, претпоставувајќи дека тоа го прават спротивно на својата волја. Линдзи вели дека сите сексуални работници кои запознала во светот го прават тоа затоа што навистина го сакаат, затоа што уживаат во тоа или имаат финансиски придобивки од работата. „Тие се вистински луѓе. Тие имаат прекрасна душа и се навистина комплексни како лица… Друга работа што ја забележав е дека многу од нив се големи љубители на животни, што навистина ме трогна. Најважно е да се покаже дека тие се луѓе кои напорно работат и заслужуваат да имаат права како и сите други“. „Тие исто така се многу различни. Некои имаат цимери, некои пак работат самостојно. Некои имаат посебна спална соба за сексуална работа, додека други го користат сопствениот кревет. За оние со кои работев до сега, можам да кажам дека секој од нив има личен печат“. Следат дел од фотографиите на Линдзи, како дел од нејзиниот проект со сексуални работници. 7