Австралиј а поблиску до
декриминализациј а на
сексуалната работа
П
редлог законот за декриминализација на сексуалната работа беше претставен на 18-ти
септември во Парламентот на Северна Австралија. Трудовите владини политичари во знак на
благодарност до Владата за давање на приоритет на безбедноста и човековите права на
сексуалните работници, за време на седницата носеа беџови со црвени чадори, изработени од
самите сексуални работници.
Програма за пристап до сексуални работници (SWOP NT), Референтна група за сексуални
работници (SWRG) и австралиското здружение на сексуални работници (Scarlet Alliance) го
презентираа предлог законот пред владини претставници, во форма која предлага целосна
декриминализација на сексуалната работа, без да се изостави ниту еден сексуален работник.
„Сите заслужуваат да бидат безбедни на работа, вклучително и сексуалните работници. Да се
биде сексуален работник е призната професија во Северна Австралија и ја поздравуваме Владата
за признавање на правата на секое работно место“, вели извршниот директор на Scarlet Alliance,
Jулс Ким.
Координаторот на SWOP NT, Лена Мелинг, додава: „Сексуалните работници сакаат да им се
заблагодарат на сите кои ги поддржаа реформите и активното ангажирање на сексуалните
работници како лидери за во воведувањето на овие реформи. Ние ја прифаќаме поддршката од
владините тела за здравство и правда, синдикатите и невладините организации , како и
Обединетиот глас и Унијата на австралиски услуги за нивната поддршка во процесот на
декриминализација на сексуалната работа“.
Целосната декриминализација на сексуалната работа се признава на глобално ниво како
неопходна за здравјето, безбедноста и правата на сексуалните работници и претставува
неопходна метода за регулација на сексуалната работа во Австралија на национално ниво.
9