909090: Амбициозен третман за
помош на клучни популации
засегнати од ХИВ /С ИДА
С
тавањето крај на епидемијата на СИДА е повеќе од историска обврска кон 39 милиони луѓе
кои починале од оваа болест. Исто така, претставува значајна можност да се постават
темелите за поздрав, поправеден и правичен свет за идните генерации. Ставањето крај на
епидемијата на СИДА ќе инспирира пошироки глобални напори во здравството, демонстрирајќи
што може да се постигне преку глобална солидарност, акција заснована врз докази и
мултисекторски партнерства.
И покрај тоа што се потребни многу стратегии за ставање на крај на епидемијата на СИДА, сепак
едно е сигурно - невозможно е да се стави крај на епидемијата без да се донесе соодветен
третман за ХИВ на сите оние на кои им е потребен.
Бидејќи светот ги разгледува можностите напред по крајниот рок поставен за 2015 година за
целите и заложбите на Политичката декларација за ХИВ и СИДА, потребна е да се постави
конечна цел за да се постигне напредок кон заклучното поглавје на епидемијата на СИДА, да се
промовира одговорност и да се обединат различните чинители во заедничкиот напор за ставање
на крај на епидемијата на СИДА до 2030 година.
Во декември 2013 година, Координативниот одбор на Програмата на УНАИДС ги поддржа
напорите за воспоставување нови цели за третманот со ХИВ. Како одговор, се одржаа консултации
со засегнатите страни за поставување на нови цели во сите региони во светот. На глобално ниво,
засегнатите страни организираа различни тематски консултации насочени кон граѓанското
општество, лабораториската медицина, детски третмани со ХИВ, ХИВ третмани за адолесценти и
други клучни прашања.
10