Идната цел е поставување на амбициозен план за помош на клучни популации засегнати од ХИВ/
СИДА:
• До 2020 година, 90% од сите кои живеат со ХИВ ќе го знаат својот ХИВ статус.
• До 2020 година, 90% од сите луѓе со дијагностицирана ХИВ инфекција ќе добијат постојана
антиретровирусна терапија.
• До 2020 година, 90% кај сите луѓе кои примаат антиретровирусна терапија ќе се стави
вирусот на недектибилно ниво.
Единствениот начин да се постигне оваа амбициозна цел е преку пристапи втемелени во
принципите за почитување на човековите права, взаемно почитување и инклузија.
Присилните пристапи не само што ги кршат фундаменталните норми за човекови права, тие исто
така ги отежнуваат надежите за ставање на крај на епидемијата на СИДА. Врз основа на претходни
искуства, присилните пристапи ги оддалечуваат луѓето далеку од многу услуги што им се
потребни.
Третманот со ХИВ е клучна алатка за ставање на крај на епидемијата на СИДА, но не и
единствената. Потребно е да се преземат мерки и стратегии за максимизирање на превенцијата од
ХИВ, вклучително и елиминација на пренос на ХИВ од мајка на дете, воведување на програми за
користење на заштитни профилакси, воведување на услуги за намалување на штети кај лица кои
инјетираат дроги и други превентивни програми за сите засегнати клучни популации. Секако,
потребни се здружени напори за да елиминира стигмата, дискриминација и социјална
исклученост.
11