го пронајдат Вашето име некаде, и тоа е
проблем“.
„Ако регистрираните сексуални работници
ги пропуштаат своите месечни состаноци
можат да се соочат до шест месеци
затворска казна, а со тоа се отвора
можност за полицајците да ја злоупотребат
својата моќ“, открива Лепин во своето
истражување.
Резултатите од студијата покажале дека
регистрираните
сексуални
работници
имаат поголема веројатност да доживеат
насилство од страна на полицајците,
отколку
нерегистрираните
сексуални
работници.
„Често слушаме приказни од жени кои ни кажуваат како полицијата ги уценува. Ако
полицаецот знае дека се сексуални работници, тие одат на нивното место барајќи пари, ако ги
одбијат, се закануваат дека ќе им откријат на нивните семејства што работат“, вели Лепин.
Според наодите на Лепин, регистрираните сексуални работници се исто така повеќе
подготвени да го пријават насилството од страна на клиентите во полиција.
„Ако регистриран работник има проблем со клиент, тие можат случајот да го пријават во
полиција и да добијат правна помош, преку својата картичка“, вели Бинта, објаснувајќи дека
нерегистрираните сексуални работници немаат средства за да си го овозможат тоа.
Кадија, 37-годишна нерегистрирана сексуална работничка која живее во едно од
најсиромашните области на Дакар, вели дека би пријавила во полиција, само ако ја има
картичката за дозвола за работа, но во ваков случај не би се осмелила.
Кадија, до сега била два пати уапсена поради нудење сексуални услуги. Вториот пат, поминала
45 дена во затвор. Сега е повнимателна кога се среќава со своите клиенти.
„Кога ја немате картичка, се соочувате со стигма и дискриминација, но и со неа, воопшто не е
сјајно“, вели Кадија. Таа не сака да се регистрира како сексуален работник, поради стравот да
не биде откриена од своето семејство.
И во двата случаи, и кај регистрираните и нерегистрираните сексуални работници, реалностите
и предизвиците со кои тие често се соочуваат се исти: одржување на својата работа, грижа за
своето семејство и своите деца, запознавањето со нови клиенти и обидите да останат
безбедни.
8