за сексуално здравје, да бидат негативни на СПИ и да носат валидна лична карта со која ќе се
потврди нивниот здравствен статус. Доколку се открие дека сексуалниот работник е ХИВ
позитивен, му се дава бесплатно антиретровирусно лекување пред да му се дозволи да продолжи
да бара клиенти.
Бинта не размислувала многу дали да влезе во оваа програма, бидејќи е убедена дека тоа ќе и
помогне да се заштити од сексуално преносливи болести и злоупотреби.
Државната програма за регулирање на сексуалната работа во Сенегал е аплаудирана за контрола
на стапката на ХИВ на нацијата. Тука, преваленцата на ХИВ во земјата е значително пониска од
многу од соседните земји во Западна и Централна Африка. Исто така, единствено во Сенегал,
сексуалната работа е легална и регулирана со здравствената политика, според Глобалната мрежа
на проекти за сексуална работа (NSWP), која се залага за декриминализација на оваа професија.
Некои експерти за јавно здравје сметаат дека системот за регистрација на сексуални работници во
Сенегал отвора дијалог за сексуалното однесување и претставува темел за идни програми за
превенција од ХИВ, насочени кон ранливите популации.
Но, остануваат прашања за ефикасноста на политиката во контролата на епидемијата на ХИВ/
СИДА. Сексуалната работа сеуште е криминализирана во Сенегал за оние кои се нерегистрирани,
што ефикасно создава двостепен систем во кој „тајните“ сексуални работници паѓаат низ
пукнатините.
И пријавувањето во државната програма за регистрација не е толку едноставен избор во Сенегал,
каде мнозинството се муслимани, и каде сексуалните работници се соочуваат со огромна
социјална стигма и дискриминација. NSWP вели дека, голем број на сексуални работници се
експлоатирани од страна на полицијата. Плус, системот се однесува само на жени над 21 година,
оставајќи ги машките сексуални работници без поддршка (хомосексуалноста е нелегална според
сенегалскиот закон).
Овие фактори го објаснуваат ниското ниво на регистрација - само 20% од сексуалните работници
се регистрирале во Сенегал и 43% во Дакар за да ја добијат картичката за дозвола за работа.
„Проблемот е картичката за дозвола“
Иако Законот за регистрација за прв пат беше воведен во 1969 година - наследен од француското
колонијално законодавство што го зафати Сенегал, дури и откако прогласи независност – немало
докази за неговото влијание врз сексуалните работници, се до неодамна.
Аурелија Лепин, економист за развој на Универзитетскиот колеџ во Лондон, минатата година
објави извештај во соработка со професорот Чеик Тидијан Ндур, директор на одделот за СИДА и
СПИ на Министерството за здравство на Сенегал, кој откри дека системот за регистрација има
негативно влијание врз сексуалниот работник како и врз нивната благосостојба.
„Во Сенегал, постои оваа мислење ... дека ниската стапка на ХИВ се должи токму на оваа
политика“, вели Лепин, објаснувајќи дека тоа е дел од причината поради која таа сакала малку
подлабоко да го проучи системот. При тоа, открила дека регистрацијата на сексуалните работници
довела до намалување на распространетоста на СПИ за 38%, тоа исто така драматично ја
намалило благосостојбата на сексуалните работници.
6