S-Work No.85 85 | Page 5

С ексуалната  работа  е  легална тука,   но  само  ако  се  регистрирате во  полициј а * Поради стигмата поврзана со сексуалната работа во Сенегал, жените интервјуирани во следново интервју направено од Си-Ен-Ен се со скриен идентитет. За нивно идентификување се користени псевдоними. Сенегал - Во попладневните часови во предградието на Дакар, Бинта е меѓу групата Д акар, жени кои чекаат да бидат повикани во задниот дел на државната клиника во Сенегал. Откако го слуша своето име, таа влегува во просторијата за проверка, се тестира за серија сексуално преносливи инфекции (СПИ) и добива бесплатни кондоми. На крајот на состанокот, медицинската сестра ја печати нејзината легитимација, наречена carnet sanitaire, која се бара задолжително да ја носи како регистриран, легален сексуален работник. 24-годишната самохрана мајка патува повеќе од еден час и половина со такси за да стигне тука, иако тоа значи дека понекогаш доцни на своите вечерни часови по компјутерски науки. Возејќи низ улиците на Дакар, кои често имаат сообраќаен метеж, таа ѕирка во фотографијата од својот 4- годишен син на својот телефон. За Бинта, вреди долгото патување: „Доаѓам тука затоа што ова место е дискретно“. Таа за прв пат дојде во клиниката минатата есен, откако се пријави во државната програма што ја регулира сексуалната индустрија во Сенегал. Во рамките на програмата, сексуалните работници мора да се регистрираат во полицијата, да присуствуваат на задолжителни месечни испитувања 5