И Велвет и Ејнџел сакаат да стигнат до точка кога сексуалната работа би била декрими-
нализирана: Кривичните пријави за сексуална работа се целосно отстранети, сексуалната работа
меѓу луѓето се третира како и секоја друга работа, а истата е донесена според редовните закони за
работни односи.
Единствените места, каде што сексуалната
работа е декриминализирана се Нов Зеланд
и Нов Јужен Велс во Австралија. Во двете
земји сексуалната работа се смета како и
секоја друга професија, и се внимава на
здравјето и безбедноста на сексуалните
работници. Според последни истржувања, со
декриминализација на сексуалната работа, се
намалило насилството врз сексуалните
работници во Нов Зеланд, а со тоа се
зголемила
нивната
удобност
при
пријавување злоупотреба од страна на
полицијата и се подобриле ставовите на
полицијата кон сексуалните работници.
Истражувањата, исто така, покажале дека декриминализацијата во Нов Зеланд резултира со
зголемена самодоверба кај сексуалните работници, и правото на слобода да одбиваат клиенти
кои не им одговараат, и секако да инсистираат на редовна употреба на кондоми.
Декриминализацијата има потенцијал да ја намали дискриминацијата, како и насилството и
вербалната злоупотреба. Но, дали остатокот од светот е подготвен на ваков чекор за регулација на
сексуалната работа која одговара на потребите на сексуалните работници, кои доброволно ја
работат оваа професија?
„Сексуалната работа во Амстердам честопати знае да биде премногу рестриктивна“, вели Сали
Шаклтон, која работи со клучни популации, како што се сексуалните работници во Меѓународната
алијанса за ХИВ/СИДА.
„Сексуалните работници низ целиот свет бараат помалку контрола и повеќе избори за себе“, вели
Шаклтон.
„Дека постојат ограничувања во моделот за регулација на сексуалната работа во Холандија,
докажува и фактот што сексуалните работници мора да работат во претходно дефиниран простор,
а со тек на време овие простори стануваат сè помали и помалку по број, што ја прави
конкуренцијата „многу висока“, без можност да се работи од дома“, објаснува Шаклтон.
Таа верува дека легализацијата помогнала да се отстрани одредена дискриминација и да се
подобрат некои односи со полицијата, но не до тој степен што им одговара на сексуалните
работници.
4