S-Work No.85 85 | Page 3

работа стана предмет на општинска регулатива, со која се бара лиценца за работа и според одредени правила утврдени од општината. „Да се биде сексуален работник е легално во области кои се со лиценца“, објаснува Ејнџел. „Мора да ги следиме сите овие правила и овие правила не ја гарантираат нашата безбедност“,вели таа, давајќи пример за тоа колку се чести проверките од полицијата и општините, кои честопати ги спречуваат клиентите да влегуваат кај сексуалните работници. Фокси истакнува дека има многу професии кои се флексибилни и кои дозволуваат опции за работа од дома. „Секој бербер и книговодител може да работи од своите домови, но ние не можеме затоа што сме сексуални работници“, рече таа. „Ние ги плаќаме истите даноци. Треба да ги имаме истите права“. Според Велвет Десембар, координатор за застапување на PROUD, како друг проблем се јавува тоа што општините во Холандија имаат право да донесат свои закони, така што општините може меѓусебно да се разликува. Општините се тие кои одлучуваат колку лиценци ќе им се дадат на сексуалните работници. „Легализацијата нуди одредена заштита“, смета Велвет. „Но, постојат места кои се многу поопасни за работа“, вели таа. „Можеме да веруваме дека сме заштитени од полицијата. Имаме некои права, но не е сè како што треба“. Ејнџел исто така смета дека добива ограничена заштита, иако сексуалната работа е легализирана. Според Amnesty International, oнаму каде сексуалната работа е нелегална, криминализирана или и двете, сексуалните работници се принудени да работат тајно и честопати подлежат на вознемирување од страна на полицијата. 3