„С акам секс. О собено, сакам кога
заработувам од него“: Што сакаат
сексуалните работници?
завеси, темна просторија и само еден голем кревет на средина. Огледало со големина
Ц рвени
на креветот, ја прави оваа темна соба визуелно поширока. Голема када седи во средината на
собата, со мијалник во близина, а висока црвена столица се истакнува во аголот.
Оваа соба е само една од многуте во регионот Де Валент во централниот дел на Амстердам, но
токму оваа редовно ја изнајмува една жена која професионално го користи името Фокси Ејнџел.
Фокси е 37 годишна сексуална работничка, која поголемиот дел од денот го поминува тука,
чекајќи ги своите клиенти.
Потребно е само едно повлекување на жицата од завесата, за да им се открие собата на туристите,
кој ги има во голем број надвор на улиците, и да им се укаже дека е отворено за работа.
„Сакам секс. Особено сакам кога
заработувам од него“, вели Фокси, која
работи во сексуалната индустрија повеќе
од 15 години. „Претходно сум имала
повеќе различни работни места, но оваа
е единствената што навистина ми се
допадна“.
Изнајмувањето на нејзиниот прозорец во
Улицата на црвените фенери ја чини 80
евра на ден. Ејнџел вели дека обично има
по 5-6 клиенти на ден и заработува околу
300 евра. Откако ќе и заврши смената,
многу често се гледа со истите клиенти
во баровите и клубовите кои се во
близина на нејзиниот прозорец, како
дополнителна работа.
„После 15 години, сè уште уживам во работата секој ден“, вели таа. Но, Ејнџел си има поставено
старосна граница до кога ќе ја работи сексуалната работа. После 45, сака да се фокусира повеќе на
нејзината работа за застапување, борејќи се за правата на сексуалните работници. Таа е редовна
членка на холандската унија за сексуални работници – PROUD.
Фокси се бори за правата на сексуалните работници во Амстердам, бидејќи не е толку либерално
за сексуалните работници, како што веруваат многумина.
„Ние ги плаќаме истите даноци“
Сексуалната работа во Холандија е легална во одредена форма уште од 1830 година, но таа беше
признаена како правна професија во 1988 година. Во 2000 година, според Закон сексуалната
2