S-Work No.84 84 | Page 5

Кеј т  Мекгр у,  активистка  за  заштита  на  пр авата  на сексуалните  р аботници:   „ Новите  закони  во  Ир ска ги  напр авиј а  животите  на  сексуални  р аботници  да бидат  поопасни“ Во последните две години во Ирска, насилниот криминал врз сексуалните работници порасна за 92% како резултат на новиот закон донесен во оваа земја каде што е незаконски да се плаќа за сексуална услуга. Со овој закон се криминализираат макроата и клиентите на сексуалните работници во Ирска. Овој закон е донесен од 2017 година и кој се однесува на сексуални прекршоци претставува само уште една верзија на „Шведскиот модел“ кој негативно влијае врз заедницата на сексуални работници, правејќи им ја работата поопасна од било кога. Намерата на законот беше да се стави крај на побарувачката на сексуални услуги, но говорејќи за нефилтрираната Ирска, Кејт Мекгру од Сојузот на сексуални работници во Ирска вели дека овој закон резултираше со криминализација на сексуалните работници. Поддржувачите на законот велат дека со ова се штитат сексуалните работници додека се намалува побарувачката за нивните услуги преку таргетирање на клиентите. 5