S-Work No.84 84 | Page 4

Во Невада, веќе е легализирана сексуалната работа. Тука, едно лице ги поседува сите бордели, затоа што тоа има доволно финансиски средства да си го дозволи сиот тој имот и да ги задоволи сите прописи. Во секој бордел има ограничен број кревети, со тоа се ограничува и бројот на вработени сексуални работници. Секој сексуален работник треба да аплицира, да се тестира и да биде избран да работи законски во борделите. Тие работат по правилата кои ги одредува сопственикот на борделите, а можат да останат една недела или еден месец според тоа како е одлучено. Во таа конкретна временска рамка, сексуалните работници работат легално, а 50% од сè што заработуваат оди кај сопственикот. Тоа значи дека секој сексуален работник што не работи во тие бордели, работи нелегално и може да биде обвинет за проституција, да биде затворен и депортиран. Со криминализација и легализација на сексуалната работа, се влошуваат условите за работа и живеење кај сексуалните работници. Но, декриминализацијата на сексуалната работа би значела нешто поразлично: Полицијата ќе престане да ги гони сексуалните работници за проституција и сексуалната работа повеќе нема да претставува кривично дело. Повеќето од моделите за регулација на сексуалната работа ја декриминализираат продажбата на сексуални услуги, но го криминализираат купувањето. Во оние места или земји каде што се практикуваат овие политики, сексуалните работници често се соочуваат со зголемена дискриминација и намалена безбедност. Повеќето јавни институции, банките, сопствениците на имоти, државните службеници одбиваат да ги услужуваат сексуалните работници, и тие се уште се под континуирано вознемирување и притисок од страна на полицијата. Сексуалните работници не можат да се здружуваат и да работат заедно, што е од големо значење за нив, бидејќи на тој начин се чувствуваат безбедно. Сексуалните работници се помалку безбедни кога нивната работа е криминализирана или делумно декриминализирана. Јас, лично како сексуален работник се залагам за декриминализација на сексуалната работа. Но, мојата желба пред сè, е јавноста да ги слуша сексуалните работници. Доколку сакаат да им помогнат на маргинализираните луѓе, треба да ги слушаат нивните мислења и потреби кои директно ќе влијаат врз креирањето на политиките поврзани со сексуалната работа. 4