S-Work No.84 84 | Page 3

Политиките  насочени  кон  „ став ањ  е  кр ај   на побар ув ачката  на  сексуални  услуги“   в сушност  ги зголемув аат  р изиците  со  кои  се  соочув аат сексуалните  р аботници Јас сум сексуален работник и недокументиран имигрант од Хондурас, кој работи за Red Canary Song, организација која работи со сексуални работници – мигранти, и DecrimNY, колектив на сексуални работници кој се бори за декриминализација на сексуалната работа во Њујорк. Според последните статистички податоци, во 2017 година, полицијата има уапсено и обвинето вкупно 28,490 возрасни лица за проституција, од кои 11,124  мажи, 17,366 жени и 185 тинејџери. Полицијата во повеќето од овие случаи ги има уапсено сексуалните работници под неразјаснети околности, за време на полициски час, под сомневање за поседување дрога и други опијати, како и други обвиненија. Самото општество е тоа кое ја зајакнува криминализацијата на сексуалната работа. Испраќањето полиција за набљудување, посредување или контролирање на луѓето претставува својствено насилно дело. И повеќето ги оправдуваат нивните насилни дела, знаејќи дека станува збор за обвинување на сексуални работници кои не се вклопуваат во нивните гледишта за едно општество. Спроведувањето на законите го загрозуваат здравјето и безбедноста на сексуалните работници, а притоа постојат многу случаи каде што полицијата ги користи кондомите најдени кај сексуалните работници како доказ за сторено кривично дело. Јанг Сонг, сексуален работник кои нуди еротски масажи, во Квинс бил малтретиран и починал за време една од полициските рации во Њујорк. Тука, полицијата е таа која ја има моќта во свои раце, а голем дел од претставниците на владините институции јавно изјавуваат дека ја сметаат сексуалната работа за трговија со луѓе, со што се пореметува јавното гледиште и општото мислење кон заедницата на сексуалните работници. 3