S-Work No.84 84 | Page 6

Критичарите на законот, меѓу кои е и Мекгру, велат дека сега е поопасно за сексуалните работници, бидејќи не се во можност да работат заедно според новиот закон - што многумина би го направиле со цел да ја зачуваат својата безбедност - од страв дека ќе бидат обвинети за работа во бордели. Исто така, со овој закон се поставуваат бариери за сексуалните работници кои пријавуваат кривични дела. „Сега, сексуалниот работник е со помала веројатност да пријави насилство“, вели Мекгру. „Дури и ако сексуалниот работник работи самостојно, сега постои помала веројатност да пријави насилство или да комуницира со служби за поддршка, затоа што сега во најмала рака не сака луѓето да знаат дека е сексуален работник“. „Ова е еден мал пример. Постојат многу други начини да се опише како во основа сексуалниот работник е притиснат со овој закон. Многу често клиентите не сакаат да доаѓаат на работното место на сексуалните работници, плашејќи се дека местото е под надзор“. „Со овој закон се охрабрува полицијата да го прави она што го прават, а тоа е да ги следат нашите домови и работните места. Затоа, клиентите не сакаат да ги посетуваат сексуалните работници, а со тоа се загрозува нивната безбедност и не им остава простор на сексуалните работници да преговараат за условите при нудењето/давањето на сексуалните услуги“. Според UglyMugs.ie, организација која собира извештаи од оние кои работат во сексуалната индустрија во Ирска, пријавените случаи на насилен криминал врз сексуалните работници се во голем пораст. Споредувајќи ги двете години пред и двете години по стапувањето на новиот закон, криминалот е зголемен за 90%, а конкретно насилниот криминал е зголемен за 92%. 6