S-Work No.83 83 | Page 8

„Тука станува се потешко и потешко да се заработат пари. Се повеќе и повеќе, клиентите се обидуваат да преговараат со сексуалните работници“, вели Саманта. „Доаѓаат 20-годишници кои ме прашуваат за fellatio за само 20 евра“. Неодамна, градоначалникот на Париз нареди да се исклучат светлата во паркот во вечерните часови, со цел да ги обесхрабри клиентите и да го спречи нивното доаѓање. Голем број „добри клиенти“ исчезнаа, повеќе не доаѓаат, бидејќи им е страв да не бидат парично казнети, а со тоа девојките кои работат тука се изложени на напади и малтретирања“, вели Рамона, активист за заштита и застапување на правата на сексуалните работници- мигранти. Соочени со овие опасности, многу од сексуалните работници кои работат тука имаат развиено свои техники за зачувување на безбедноста. Некои имаат солзавец, додека други носат стапови и слични предмети со кои би можеле да се одбранат. Сите тука меѓусебно се предупредуваат за некоја потенцијална опасност. Но, како што е случајот со Ванеса Кампос, ако работите во изолирана област длабоко во паркот, може да помине повеќе време за некој да интервенира, ако воопшто тоа е возможно, особено ако тоа се случува за време на хаосот на ноќната смена. Покрај сопствените лични средства за заштита, во 2015 година пред да стапи законот на сила, започна проектот за организирање на работилници за самоодбрана „за и од сексуални работници“. Овој проект го предводат Médecins du Monde, во соработка со Acceptess-T и сојузот за сексуални работници STRASS. „Тоа е работилница каде што секој може да научи ккако да се брани, усно и физички“, објаснува Пеша, сексуален работник и лидер на курсевите. Досега на овие работилници учествувале околу 100 девојки. „Идејата е да се има обучувачи во секоја заедница“, додава Сара-Мари Мафезоли, координатор на проектот на Médecins du Monde. „Во моментов, има околу десетина од нас“. Но, не сите жени кои работат тука имаат слободно време или се убедени во бенефитите на работилницата. Назад во автобусот, Мари признава дека не се чувствува сосема удобно да ги зема часовите за самоодбрана: „Според мојата големина и со моите високи потпетици, не е лесно да се одбранам. Ако се соочам со клиент, кој е многу посилен од мене, не би можела да се борам“, вели Мари, сексуална работничка која долги години работи во областа. Во близина на местото каде што беше убиена Ванеса Кампос, работи Јохана, уште 1999-та година. „Во тоа време научив како да се бранам против насилниците. Јас чувам нож во мојот камион“, вели Јохана. „Поседувањето на оружје може да направи да се чувстувате заштитено, но тоа не е секогаш така случај“. 8