S-Work No.83 83 | Page 9

Поседувањето и користењето оружје и други предмети за самоодбрана може да ве изложи на голем ризик, дури и во случај на легитимна самоодбрана. „Една девојка беше уапсена и осудена на условна затворска казна од три години откако употреби солзавец врз лицето кое ја напднана напаѓачот“, се сеќава Рамона. Сексуалните работници во Bois никогаш не можат да бидат сигурни дека воопшто ќе бидат платени. „По секс со еден клиент, тој побара да му ги вратам парите, бидејќи, ми рече: „Вие не сте вистинска жена“, се сеќава Мари. „Ние имаме многу такви клиенти“. И покрај смртта на Ванеса Кампос и фокусот на медиумите на неколку слични напади, властите сè уште не го сфаќаат овој проблемот многу сериозно. Мерките што ги поставија сексуалните работници за да си помагаат едни со други - здруженијата за заштита на нивните права, часовите за самоодбрана - не се доволни да ги заштитат сексуалните работници и се соочуват со проблеми кои најчесто излегуваат од погрешните закони. „Жените не можат да работат заедно, тие можат да бидат уапсени од полицијата доколку делат исти камион“, додава Франсоаз Гил. Médecins du Monde во моментов развива апликација која ќе биде специјално дизајнирана за заштита на сексуалните работници. Апликацијата која се најавува да излезе оваа година, ќе биде достапна на седум јазици и ќе им овозможи на сексуалните работници да си испраќаат сигнали помеѓу себе и во случај на проблем да ја споделат нивната локација. 9