S-Work No.83 83 | Page 7

Тр анс  сексуалните  р аботници  в о Пар из  р азв ив аат  сопств ени  техники  за зачув ув ање  на  безбедноста Со неодамнешната промена на законите во Франција, се повеќе се зголемува бројот на насилни напади врз сексуалните работници во главниот град, Париз. Во близина на јавниот парк Bois de Boulogne во Западен Париз, едно комбе кое припаѓа на транс сексуален работник било целосно уништено. Според изјавата на сопственикот, направена е голема штета на комбето во кое таа живее и работи. Креветот и бил целосно уништен и ѓубре било расфрлано околу возилото. Саманта е сексуален работник, вработена во организацијата Bus des Femmes, која работи на обезбедување на лицата инволвирани во сексуалната работа во областа и нуди голем број социјални услуги. Таа се смета себеси за експерт во Bois de Boulogne, местото каде лани во април, 36-годишната транс сексуална работничка, Ванеса Кампос, била убиена додека се обидувала да го заштити својот колега од грабеж. „Овие девојки меѓусебно соработуваат и заедно се борат против стигмата кон транс луѓето, сексуалните работници и имигрантите“, објаснува Франц Франсоаз Гил, претседател на Bus des Femmes. Саманта работи како обезбедување на заедницата на сексуалните работници. Таа секојдневно ги проверува своите колеги/колешки, бидејќи оваа маргинализирана група се чувствува значително помалку безбедно, откако француската влада воведе парична казна во износ од 1.500 евра во 2016 година за секој кој ќе биде фатен како плаќа за сексуална услуга. Иако сексуалната работа е легална во Франција, воведувањето на законот за паричната казна кај клиентите е навистина голема пречка за сексуалните работници. Наместо сексуалните работници да работат како што е планирано, и секако побезбедно за нив, сега клиентите редовно ги прашуваат жените за секс во затворени простории за да ја избегнат полицијата. Во истражувањето на Médecins du Monde, спроведено помеѓу околу 600 сексуални работници во Франција, 63% изјавиле дека нивните работни услови се влошуваат, додека 42% изјавиле дека доживеале повеќе насилство откако законот се променил. „На секои три дена, по една девојка е нападната тука“, вели Саманта. Атмосферата околу паркот е прилично мирна во попладневните часови додека жените ги чекаат своите клиенти. На секој сексуален работник, Bus des Femmes им нуди кондоми и лубриканти, потоа Саманта ги прашува за нивните имиња и националност со цел да ги документира информациите. 7