Таа исто така била активно вклучена во голем број
други активистички движења кои работат со
организации од самата заедница до лобирање за
правата на сексуалните работници кај креаторите на
политики. Дламини се бори не само за права на
сексуални работници, туку и за правата на сите жени и
деца во Јужна Африка.
На 25-ти јули, Дламини станува првата личност што ја
добива наградата „Пруденс Мабеле“, награда во чест на
Мабеле, првата црна жена која јавно го открива својот
ХИВ статус во Јужна Африка.
„Преку мојата работа со сексуалните работници, открив
дека тие се мајки како и сите други и ги сакаат своите
деца повеќе од било што. Чувствував дека треба да
дадам поддршка за нешто што повеќето луѓе не го
разбираат, а тоа е дека сексуалните работници не се
погодени само од нивната работа или ХИВ, туку има и
многу други прашања со кои се соочуваат“.
Покрај опасностите со кои сексуалните работници се
соочуваат секојдневно, малтретирање, апсење,
силување, убивање, таа вели дека тие се соочуваат и со
огромен број други предизвици поврзани со стигмата и
дискриминацијата, што пак им го отежнува животот,
оневезможувајќи да бидат мајки какви што сакаат да
бидат.
Според Дламини, криминализацијата на сексуалната работа создава раздор меѓу нив и нивните деца, како и
нивните семејства. Поради нивниот недостаток на правна заштита и стигмата поврзана со нивната работа,
тие честопати кријат што работат од своите најблиски.
„Со декриминализацијата на сексуалната работа ќе се врати достоинството на сексуалните работници и
достоинството на нивните деца. Доколку се декриминализира сексуалната работа, ние ќе можеме да ги
оствариме нашите човекови права, да бидеме признаени од законите за работни односи и слободно да
пристапуваме до здравствените услуги“, објаснува Дламини.
Таа вели дека криминализацијата ги „замолчува“ сексуалните работници. Истите не можат јавно да
зборуваат кога се изложени на ризик од ХИВ, или пак на силувања и насилство.
„Во Јужна Африка, Уставот вели дека секој има право да ја избере својата професија, секој има право на
безбедност и сигурност и да носи одлуки без дискриминација - но каде се сите овие права за сексуалните
работници? Ништо од тоа“.
Таа вели дека декриминализацијата нема да реши сè. Нема да ја реши сиромаштијата и невработеноста, но
„ќе спаси животи“, сеќавајќи се на многубројните сексуални работници кои до сега биле убиени, додека
убијците сеуште слободно шетаат во нашата земја.
6