С ексуална р аботничка и активистка во
бор ба за пр авата на сексуалните
р аботници: „ Декр иминализациј ата може
да спасува животи“
Дуду Дламини (40) е активистка за права на сексуалните работници, која започнала да лобира за правата на
жените уште од својата најрана возраст: „Тогаш сеуште не разбирав што навистина значи да се биде
феминистка, но отсекогаш знаев дека не сакам да бидам водена од мажите“, вели таа.
„Јас бев на чело во моето семејство, иако моите браќа беа постари од мене, тие го почитуваа моето мислење“,
вели таа.
Иако како дете не ги познавала термините патријархат или човекови права, таа веќе се борела за социјална
правда во одлуките што се носеле во нејзиниот дом.
Дламини е една од петте деца, израснати од самохрана мајка. Таа израснала во неформално населено место
во близина на Дурбан. Поради недостаток на финансии, Дуду не можела да го заврши своето средно
образование.
„Имав големи соништа за подобра иднина и знам дека мајка ми како и сите други мајки сонуваше да станам
лекар, но поради нашите многу тешки околности, тоа никогаш не се случи“, вели Дуду.
Таа вели дека „борбата против сиромаштијата“ со желбата
да обезбеди подобра иднина за своето семејство и своите
четири деца ја поттикнало да се пресели во Западен Кејп
во потрага по подобри можности.
„Тоа е место каде што навистина имав ограничени опции
за работа: ја одбрав сексуалната работа“, вели таа.
Во 2008, откако преживела брутално искуство со сексуално
насилство, Дуду се сретнала со Секторот за образование и
застапување на сексуални работници (SWEAT), група која
ги поддржува сексуалните работници и лобира за целосна
декриминализација на сексуалната работа и каде што на
сексуалните работници им се олеснува пристапот за
добивање на правни услуги.
„Се вклучив во оваа работа, без да знам дека ќе добијам можност да им покажам и докажам на другите која
сум јас во вистинско светло и колку животот што го живеам е реалност“, вели таа.
Во текот на нејзината работна ангажираност во SWEAT, Дламини се залагала за правата на сексуалните
работници и ги поддржувала низ многуте предизвици со кои се соочуваат во нивната работа. Како резултат на
нејзините напори, таа била назначена за национален организатор и мобилизатор за Сисонке - Сојуз за
сексуални работници во својата земја.
5