Атчисон, повеќе од 20 години интервјуирал сексуални работници и нивните клиенти во однос на
сексуалните услуги кои се нудат и купуваат.
„Колку е подобра комуникацијата помеѓу сексуалните работници и клиентите, толку е помалку веројатно да
се случуваат конфликти и толку е поголема веројатноста да се зголеми безбедноста кај сексуалните
работници“, вели тој.
Според истражувањето, сексуалните работници се чувствуваат послободно на своето работно место отколку
луѓето во другите професии и имаат пониско ниво на стрес на работното место. Сепак, тие се соочуваат со
повисоко ниво на стрес, надвор од работното место, повисоко ниво на употреба на дрога и алкохол и три
пати повеќе од просечното ниво на депресија.
Според истражувањето, сексуалните работници имаат значително повисоки стапки на посттрауматско
стресно нарушување отколку полицијата, пожарникарите, медицинските сестри, па дури и фоторепортерите
кои работеле во зони на човечки катастрофи. Тие, исто така, известуваат за повисоки нивоа на детска траума
отколку повеќето други граѓани.
„Работите што се случуваат во детството, имаат големо влијание подоцна во животот“, вели Беноит.
Истражувачите интервјуирале вкупно 218 сексуални работници во шест градови во Канада, со цел да
обезбедат репрезентативен примерок, при тоа вклучувајќи ги само легалните сексуални работници.
Сексуалните работници вклучени во истражувањето доброволно ја работат сексуалната работа и не се жртви
на сексуална експлотација.
„Бидејќи се интервјуирани само ескорти и високо платени сексуални работници, најверојатно не се добиени
целосни извештаи за целокупната сексуална индустрија“, вели Беноит.
„Ако мислите на сексуалната индустрија како целост, има луѓе кои се вклучени на различни нивоа во оваа
работа. Едноставно до некои сексуални работници е многу тешко да се стигне“, вели таа.
4