S-Work No.83 83 | Page 3

Истр ажув ачка  студиј а  откр ив а  дека сексуалните  р аботници  се  задов олни од  св ој ата  пр офесиј а Според истражувачката студија, спроведена на Канадскиот институт за истражување на здравјето, сексуалните работници во Канада ја сакаат својата професија и се чувствуваат удобно додека нудат сексуални услиги на своите клиенти. Ова национално истражување било спорведено помеѓу меѓу сексуалните работници, нивните партнери, клиенти и менаџери во шест градови во Канада. Според резултатите од спорведените интервјуа, се покажало дека 70% од сексуалните работници се задоволни од своите работни места, 82% проценти сметаат дека се соодветно платени и 68% од нив се чувствуваат безбедно на работа. „Тие не се гледаат себеси како жртви, како што се прикажани во законската регулатива за криминализација на проституција“, вели водечкиот истражувач Сесилија Беноит. „Тие всушност се многу слични на мене, на вас. Тие едноставно немаат предности во некои случаи“. Законот за криминализација на сексуалната работа има за цел да ја укине сексуалната индустрија од корен, претставувајќи ги сексуалните работници како жртви на сексуална експлотација. Овој закон е донесен од страна на конзервативниот Врховен суд во Канада. Истражувачите од Канада сметаат дека со кривичното гонење на клиентите кои купуваат сексуални услуги (Шведски модел) ја загрозуваат безбедноста на сексуалните работници, при тоа ги туркаат сексуалните работници во сенка, правејќи им да им биде потешко на сексуалните работници да преговараат за цени и употреба на кондоми, а со тоа им го отежнуваат пристапот до соодветни здравствените услуги. Резултатите презентирани од тековната истражувачка студија покажале дека не е така како што повеќето мислат за сексуалните работници. „Тие разговараа со нас за тоа колкава контрола имаат врз нивната работна ситуација“, вели еден од истражувачите, Михаел Јансон. „Тие имаат многу поголема контрола врз времето и темпото на нивната работа отколку било кој друг“. Сексуалните работници објавија просечен годишен приход од 39500 долари. „Тие велат дека работата им дава независност, со оглед на нивната животна ситуација, и секако добро заработуваат“, вели Беноит. 81% од сексуалните работници и 83% од анкетираните клиенти се согласија дека давателите на услуги се тие кои ги утврдуваат условите за работа. „Она што го откривме од податоците кога станува збор за сексуалните работници, клиентите и нивната интеракција, сексуалните работници се тие кои ги поставуваат условите на услугата“, вели Крис Атчисон од Универзитетот во Викторија. „Клиентите доаѓаат кај нив и велат: Еве што барам. Сексуалниот работник е тој што вика: Подготвен сум за тоа или не сакам да ја дадам таа услуга“. 3