S-Work No.83 83 | Page 2

С ексуалните  р аботници  в о  РС Македониј а  се  особено  р анлив а  гр упа на  насилств о Сексуалните работници се полнолетни луѓе, кои повремено или редовно, доброволно даваат сексуални услуги за пари или други добра и услуги. Сексуалната работа е историски криминализирана и стигматизирана и доведува до серизони повреди врз животот и здравјето на сексуалните работници во Република Северна Македонија. Сексуалната работа во нашата земја е регулирана како прекршок против јавниот ред и мир, а кривично се казнуваат организирањето, посредувањето, и/или присилувањето на сексуалната работа. Систематската дискриминација има создадено бариери, па многу од сексуалните работници не можат да пристап до здравствени, социјални и правни услуги, а со тоа им се негира правото на заштита и поддршка. Во РС Македонија сексуалните работници се изложени на висок ризик од насилство од страна на партнерите, клиентите, членови на семејството, државата и институциите, како и од општата јавност. Особено ранливи групи на насилство Секој може да биде жртва на насилство без разлика на полот, родот, возраста, етничката, националната, верската припадност, сексуалната ориентација, партнерскиот статус, професијата и безброј други нешта со кои индивидуата се идентификува. Кога е сексуалното насилство во прашање постојат групи на луѓе кои се поподложни и поранливи, а тоа се: жените и девојките; децата; лица со попреченост; сексуалните работници/чки; ЛГБТИ заедницата; луѓето сместени во психијатриски институции, домови за згрижување и затворите. Сексуални работници/чки Кога станува збор за сексуалното насилство при вршење на сексуална работа, тоа е многу пошироко. Според сведоштвата на сексуалните работници/чки во државата, најчесто се појавува кога се договара давање на една услуга за одредена сума, па корисникот на сексуални услуги насилно посегнува и по друг вид на сексуална услуга. Присилувањето на сексуален однос без користење контрацепивно средство од страна на клиентите е една од многу честите форми на сексуално насилство врз сексуалните работници/чки. Сексуалната работа има голема и широка тематика која се врзува со сексуалното насилство. Хот лајн услугите, салоните за масажи и виртуелните услуги користејќи го интернетот немаат голем ризик од сексуално насилство, но директното давање на сексуални услуги, како на отворената, така и на затворената сцена, се најчесто проследени со сексуално насилство – сметаат претставниците од организациите за заштита на правата на сексуалните работници/чки. Сексуално насилство Сексуалното насилство е едно од најсекојдневните форми на насилство во Македонија, но во исто време и едно од најмалку пријавуваните. Причините за непријавување се најразлични, започнувајќи од конзервативноста и патријархалноста на општеството, каде женската сексуалност се смета за неморална, а во исто време на телото на жената се гледа како на сексуален објект во сопственост на мажите, до непрепознавање на различните форми на сексуално насилство и недоволниот број законски одредби со кои се санкционираат различните форми на сексуално насилство. 2