Декриминализациј ата на сексуалната
работа ќе го подобри ј авното здравј е
Изјава на една медицинска сестра која работи на сексуално и репродуктивно здравје:
Како медицинска сестра, верувам дека законот за сексуалната работа мора да се промени и дека
декриминализацијата на купувањето и продажбата на сексуални услуги претставува најдобар начин
за подобрување на јавното здравје.
Сексот е тема која предизвикува некои луѓе да се чувствуваат непријатно. Тие не сакаат да
зборуваат за тоа, ниту пак да размислуваат што прават другите во својот интимен живот. Идејата за
„сексуална работа“ ги прави луѓето да се чувствуваат уште понепријатно. Кога разговарам за ова со
луѓето или со другите медицински сестри, тие често ги искажуваат своите мислења врз основа на
нивните морални или општествени погледи. Но, здравствените работници треба да се оттргнат од
своите осудувачки ставови кога третираат пациенти и да ги разгледаат доказите.
Декриминализацијата на сексуалната работа е единствениот модел кој е поткрепен со богатство на
докази што укажуваат на подобрувања на условите за работа и живот кај сексуалните работници.
Декриминализацијата го подобрува здравјето, безбедноста и благосостојбата на сексуалните
работници. Затоа, и самите сексуални работници сметаат дека декриминализацијата е најдобриот
модел за регулација на нивната работа, а не затоа што тоа би им овозможило остварување на
поголем профит.
Според законот во Велика Британија, здружувањето на сексуалните работници, што пак тие често
го практикуваат од безбедности причини, се смета за кривично дело. Ако двајца или повеќе
сексуални работници работат заедно, тие се дефинираат како „бордел“ и се соочуваат со апсење.
Сексуалните работници честопати треба да изберат помеѓу работење во безбедни услови,
ризикувајќи да бидат казнети за тоа или пак да работат во опасни услови.
8