се измери распространетоста на ХИВ меѓу оваа популација. Додека во 2006 година студијата била
извршена врз примерок кој не бил репрезентативен, покажувајќи дека распространетоста на ХИВ
меѓу МСМ (2,17%) е највисока во споредба со другите групи, последната студија од 2010 година
покажува дека распространетоста кај примерокот е 0,0%. Истата студија има големо значење
затоа што е извршена врз голем и репрезентативен примерок кој вклучувал 388 испитаници. Исто
така, студијата користела методологија на РДС (Respondent Driven Sampling), посочувајќи дека
процената на МСМ популацијата во главниот град Скопје е 3,8% од вкупната популација на мажи на
возраст помеѓу 18 – 58 години. Екстраполацијата на овој резултат на национално ниво посочува дека
постојат приближно 19.300 МСМ во Р.С. Македонија.
Основниот извор на информации и услуги поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје меѓу
сите испитаници се услугите понудени од граѓанските здруженија кои работат во областа на
намалување на штети, сексуално и репродуктивно здравје и превенција и заштита од ХИВ.
Примарниот здравствен систем и приватните здравствени клиники многу ретко се посетувани од
нашите испитаници. Причините за оваа состојба варираат, а вклучуваат недостиг на информации,
недостиг на доверба, страв од можно сексуално засрамување, финансиски или пречки во
здравственото осигурување, недостиг од достапност на услуги, итн. Мнозинството од албанските и
ромските испитаници ги користат услугите понудени од невладините организации, иако дел од
албанските испитаници изјавија дека користат услуги за сексуално и репродуктивно здравје во
странство. Македонските испитаници изјавија дека ги користат услугите на државните како и на
приватните клиники, иако мнозинството посочуваат на услугите понудени од Х.Е.Р.А, ЕГАЛ и ХОПС.
Услугите коишто нашите испитаници ги користат најчесто се поврзани со тестирање за ХИВ и СПИ,
од кои вторите се за дијагностички потреби или потреби од медицински интервенции. Неколку
испитаници соопштија дека посетиле професионални лица за ментално здравје, поврзано со
оформувањето на нивниот сексуален идентитет и општествениот притисок како резултат на нивната
сексуална ориентација.
Државните здравствени институции треба да:
- Обезбедат финансиска стабилност и препознавање на пријателските услуги за сексуално
здравје наменети за МСМ кои ги обезбедуваат невладини организации во рамките на
национална Програма за превенција на ХИВ.
- Формираат работно тело кое ќе понуди стратегии за подобрување на услугите и на
пристапноста на постојната јавно - здравствена мрежа во делот на услугите за сексуално и
репродуктивно здравје на мажите.
- Да иницираат јавно – здравствени кампањи за зголемување на побарувачката за медицински
услуги, како и советување за сексуално и репродуктивно здравје на мажите.
Исто така невладините организации кои веќе работат со МСМ и ЛГБТИ популацијата треба да:
- Продолжат со тековната понуда на услуги и да отворат нови центри за услуги ширум земјата,
скроени за потребите на сите заедници кои живеат во Македонија.
- Развијат стратегии за искористување на постојните социјални хоризонтални облици на
споделување на знаењето во рамките на МСМ и геј средината како средство за превенција на
ХИВ и СПИ.
7