Сите СР по пол жени, односно 57% од вкупниот број на СР, изјавиле дека имаат потреба од
гинеколошки прегледи, од друга страна сите СР по пол мажи, односно 43% од вкупниот број на СР,
изјавиле дека имаат потреба од уролошки прегледи. Од друга страна, потребата од
дерматовенеролог е помала, односно 66,6% од вкупниот број на испитаници изјавиле дека имаат
потреба од истото.
Според истражувањето „Потреба за здравствени и социјални услуги кај млади сексуални работници“
потребно е да се продолжат, прошират, но пред сè, да се адаптираат сервисите во зависност од
потребата на пошироката популација на млади сексуални работници со овозможување на
здравствени услуги од страна на здруженијата на граѓани, но истовремено и овозможување на
здравствени услуги кои би биле дел од јавното здравство, но би биле адаптирани на потребите на
младите сексуални работници. Воедно, треба да се прошират и адаптираат здравствените услуги за
МСМ популацијата како во невладините организации-даватели на услуги, така и во јавните
институции.
Мажи кои имаат секс со мажи и ХИВ/СИДА во Р.С. Македонија
Според истражувањето „Општество, род, сексуалност, сексуално здравје, и МСМ во Македонија“,
нашата земја е со ниска стапка на ХИВ (<0.1%). Сепак „Извештајот на Република Македонија за
напредок на земјите наменет за Специјалната седница на Собранието на Обединетите нации за СИДА
(UNGASS) од 2012“ посочува дека од сите случаи на ХИВ, речиси три четвртини се мажи. Исто така,
годишниот извештај на Институтот за јавно здравје од 2010 година покажува дека повеќе од
половината од новоинфицираните случаи се МСМ. Покрај редовниот епидемиолошки надзор,
основниот извор за податоци за ХИВ и МСМ во Р.С. Македонија се био-бихејвиоралните студии
извршени во периодот од 2005 до 2010 година од страна на Институтот за јавно здравје во рамките
на Програмата за Глобален фонд. Студиите се креирани со цел да се обезбедат податоци за
познавањето и однесувањето меѓу МСМ во согласност со индикаторите на UNGASS, но исто така и да
6