S-Work No.81 81 | Page 5

Потреби  од  здравствени  услуги  кај сексуални  работници  и  МСМ  ­  мажи  кои имаат  секс  со  мажи Во текот на 2017 година СТАР-СТАР спроведе истражување меѓу младите сексуални работници, со цел мапирање на нивните потреби од здравствени и социјални услуги. Истражувањето е спроведено меѓу 30 сексуални работници на возраст од 18 до 24 години, од кои повеќе од половината се жени, потоа шест мажи и седум трансродови лица. Во однос на здравствените услуги, повторно се потврди наодот дека сексуалните работници главно користат здравствени услуги поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје од здруженијата на граѓани, бидејќи имаат доверба во нив и, за разлика од јавното здравство, не се соочуваат со стигма и недостоинствен третман. Ограничениот пристап на сексуалните работници до здравствените услуги од страна на државните институции се должи пред сe на несензибилизираноста на здравствените работници кон оваа маргиналзирана група. Сексуалните работници многу често се соочуват со стигма и дискриминација доколку побараат услуги од јавните здравствените установи и поради тоа најчесто се обраќаат до невладини организации и други даватели на услуги. Со ограничениот пристап и неадекватните здравствени услуги се намалува можноста сексуалните работници да бидат вклучени во здравствените програми за нивна заштита. Најголемиот дел од младите сексуални работници би сакале здравствените услуги да ги користат во здруженијата на граѓани, односно 86%. Додека помал дел, односно 20%, би сакале да користат здравствени услуги во јавното здравство. Само 6,6% изјавиле дека здравствените услуги сакаат да ги користат во приватното здравство. 5