S-Work No.81 81 | Page 4

претходно договорени и поставени од сексуалниот работник. Откако ќе бидат одбиени, понекогаш клиентите стануваат насилни. Исто така, не ретко се случува и клиентите да не платат за услугите. Во текот на 2017 година во Коалиција „Маргини“ е документиран 21 случај во кој како жртви се јавуваат сексуални работници, речиси двојно повеќе од бројот на документираните случаи во 2016 година. Дури во 18 од документираните случаи жртви се трансродови жени – сексуални работници, додека во три случаи жртви се жени – сексуални работнички. Од една страна, ова ја потврдува тезата дека трансродовите жени – сексуални работници се многу повеќе ранливи на насилство, дискриминација и повреда на правата и поради родовиот идентитет и поради професијата. Во пет од документираните случаи се работи за насилство, закани, ограбување и силување на сексуални работници од страна на клиенти. Документирани се и девет случаи на насилство, физички напад, навреди, закани и ограбување сексуални работници од страна на трети лица. Четири од документираните случаи се однесуваат на повреда на правата директно од страна на полициските службеници. Од документираните случаи девет се пријавени во полиција, три пред Народниот правобранител и еден случај во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. 4