S-Work No.81 81 | Page 3

Статистика  и  општи  податоци  за сексуалната  работа Сексуалната работа е непринудна продажба на сексуални услуги за пари или други материјални добра, помеѓу согласни возрасни лица. Сексуалната работа во Република Северна Македонија се одвива на отворена и затворена сцена и опфаќа нудење ескорт услуги, сексуални услуги преку телефон, порнографија, стриптиз, еротска масажа и сексуални услуги преку интернет портали. Сексуален работник може да биде маж, жена или трансродно лице. Во Р.С. Македонија, индивидуалната проституција е нелегална и претставува административен прекршок. Изведувањето на сексуална работа, односно „оддавање на проституција” се смета за нарушување на јавниот ред и мир (член 27 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир во Р.С. М.), додека некои други активности поврзани со сексуалната работа (подведување, охрабрување, заработување од посредување за сексуални услуги) се третираат и казнуваат како кривични дела (член 191 од Kривичен законик на Р.С.М. 1996). Според извештајот од биобихевиоралното истражување кај сексуалните работници во Р.С Македонија од 2014 година, поддржано од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберколоза и маларија при Министерството за здравство во Р.С. Македонија, проценката на бројноста на популацијата кај сексуални работници во нашата земја е 3,588, меѓутоа тешко е да се одреди точниот број на сексуални работници кои работат на отворена (на улица) и затворена сцена (апартмани, станови, хотели, мотели, салони за масажа, клубови, итн). Насилство врз сексуалните работници од страна на институции, клиенти и полиција и трети лица Сексуалната работа е многу често игнорирана и неприфатена од општеството и државните институции, што придонесува до прогон, насилство, стигма и дискриминација врз сексуалните работници. Сексуалната работа не е призната како работа, што често ги принудува сексуалните работници да работат тајно и да се кријат, да не зборуваат отворено за својата работа, ниту со семејството, ниту со партнерите, плашејќи се да не бидат откриени. Токму ваквата перцепција од страна на општеството за сексуалната работа ги става сексуалните работници во најголем ризик. Многу често сексуалните работници кои работат на отворена сцена со цел да избегнат апсење или малтретирање од страна на полицијата се принудени да работат во поизолирани области, со што се впуштаат во уште понебезбедни услови за работа, изложени на секаков вид насилство, особено од страна на клиентите. Стравот од апсење и полициска злоупотреба исто така го ограничува времето и методите кои сексуалните работници ги користат за безбедна работа со своите клиенти. Сексуалните работници, особено оние кои работат на отворена сцена се соочуваат со низа проблеми и потешкотии во својата работа, пред се поради тоа што работат во небезбедни услови. Недостатокот на заштита од страна на институциите резултира со појава на ризик од насилство и малтретирање од страна на клиентите и полицијата. Постојат повеќе причини поради кои сексуалните работници ја работат оваа работа: како главен извор на финансии, начин на преживување, или можност за надополување на своите приходи. Без разлика на причините, токму поради непостоењето регулиран закон за сексуалната работа во Северна Македонија, се отежнува нивниот пристап до правните, здравствените и социјалните услуги, ги изложува на насилство, дискриминација и им го прекршува правото на работа и безбедност. Сексуалните работници се постојано изложени на насилство, изнуда и зголемен ризик од СПИ, што пак доведува до немање слобода да преговараат со своите клиенти во однос на користење на кондоми. Сексуалните работници живеат и работат во лоши услови, а при тоа се плашат да излезат во јавноста и да се борат за своите права. Најчесто сексуалното насилство и малтретирање се случува кога клиент ќе ги премине границите во сексуалниот чин, кои пак се 3