2ри ј уни – Меѓународен ден на
сексуалните работници
Секоја година на 2-ри јуни се одбележува Меѓународниот ден на сексуалните работници. Како
повод за одбележување на овој ден претставува акцијата во 1975 година, кога на 2-ри јуни се
собрале околу 100 сексуални работници кои ја окупирале црквата Св. Низиер во Лион, Франција,
со цел за да го изразат својот гнев за нивните дискриминирани и експлоатирани услови за
живеење и работење. На 10-ти јуни, во 5 часот црквата била брутално нападната од страна на
полицијата. Оваа нивна протестна акција претставува почеток на меѓународното движење на
секусалните работници кои се залагаат за своите права. Оттогаш секоја година овој ден се
одбележува како Меѓународен ден на сексуалните работници во Европа и низ светот.
Во седумдесеттите години од минатиот век, француската полиција вршела постојан притисок врз
сексуалните работници. Честите полициски акции ги принудувале сексуалните работници да
работат во голема тајност. Како резултат на тоа, заштитата на сексуалните работници речиси
целосно се намалила, доведувајќи до зголемен број случаи на насилство врз нив.
Со одбележување на овој значаен ден за заедницата, сексуалните работници ширум светот се
вклучуваат во борбата за нивните права. Треба да се осуди неправдата врз сексуалните
работници, корупцијата и законите кои ги влошуваат нивните услови за работа, насилството кое
постојано се врши врз сексуалните работници, како и дискриминацијата на сексуалната работа од
страна на општата јавност и институциите.
Сексуалните работници имаат право на еднаков пристап до правда, социјална и здравствена
заштита како и секој друг граѓанин. Нивното вклучување во процесот на донесување одлуки
поврзани со сексуалната работа би придонело за намалување на насилството, злоупотребата и
дискриминацијата врз сексуалните работници, со кои тие секојдневно се соочуваат. Со
регулирање на законите кои ги таргетираат сексуалните работници ќе се придонесе кон
подобрување на нивните работни услови.
СТАР-СТАР - првиот колектив на сексуални работници на Балканот, секоја година го одбележува 2-
ри јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници. Одбележувањето има една единствена
цел, а тоа е сексуални работници, активисти, пријатели и поддржувачи да се обединат и заеднички
да делуваат во насока на промена на свеста кај општата популација и за рушење на стереотипите
поврзани со сексуалните работници и сексуалната работа.
2