Многу од сексуалните работници не им откриваат
на своите доктори што работат, затоа што се
плашат дека би можеле да бидат пријавени во
полиција. Други пак, воопшто не ни бараат
медицинска помош откако ќе бидат нападнати,
плашејќи се да не бидат откриени дека работат со
други сексуални работници, бидејќи можат да
бидат уапсени за работа во бордели.
Никој не треба трпи штети од законот.
Целосната декриминализација на сексуалната
работа признава дека истата може да биде
предизвикана од сиромаштија, тежок семеен
живот, употреба на дрога, намалување на
финансиите, попреченост и/или високата цена на
домувањето и образованието, но исто така
потврдува дека некои претпочитаат сексуална
работа отколку некоја друга работа.
Криминализацијата не ги менува материјалните услови на сексуалните работници, додека пак
декриминализацијата значи дека работните места на сексуалните работници ќе бидат регулирани
со Законот за вработување, овозможувајќи им на работниците да се здружуваат и да формираат
синдикати.
Постојат некои држави како Франиција и Ирска кои одлучиле купувањето на сексуални услуги да
го криминализираат. Со ваквиот пристап, всушност, им се дава на клиентите поголема моќ над
сексуалните работници. Со криминализација на сексуалната работа, само се туркаат сексуалните
работници во поризични ситуации.
Со промената на законот ќе се намали преносот на ХИВ и другите сексуално преносливи
инфекции, бидејќи сексуалните работници се повеќе од свесни за користењето на заштита при
сексуалните односи.
Декриминализацијата не е легализација на сексуалната работа. Некои луѓе тврдат дека со ваквата
регулација ќе се зголеми побарувачката и ќе привлече повеќе луѓе во секс индустрија, но
реалноста е дека повеќето луѓе кои започнуваат да ја работат оваа работа, го прават тоа поради
сиромаштијата.
Медицинските сестри како мене, кои работат на сексуално здравје, сметаат дека властите се тие
кои имаат поголема контрола врз женските тела отколку што имаме ние кога станува збор за
нивното здравје. Се додека сексуалната работа е криминализирана, жените нема да можат
слободно да одлучуваат за тоа како ќе живеат и на кој начин ќе заработуваат.
Пред сè, медицинските сестри најдобро знаат дека нема подобар начин за зачувување на
здравјето од слушањето на искуствата на своите пациенти. Ние треба да ги слушаме сексуалните
работници и да се осигураме дека тие се колку што е можно побезбедни. Ние нема да чекаме
законот да се промени за да го заштитиме нивното здравје и благосостојба и не смееме да ги
игнорираме нивните гласови и потреба за промени.
9