Во меѓувреме, Меѓународната канцеларија на трудот
(МОТ) проценува дека 22% од принудната работа е
сексуална експлоатација, додека 68% се трудова
експлоатација. Зошто драстично различни резултати? Се
бројат само случаите кои прво биле откриени од страна
на полицијата и потоа биле однесени на суд. Потребно е
да се комбинираат податоците за криминалот со анкети
на различни влади и експерти во одредени земји со цел
да се даде веродостојно подобра проценка за обемот на
трговија со луѓе.
Во свет затрупан со статистички податоци, многу тешко
може да се дојде до заклучок. Едноставно никој не
може да каже со сигурност колку луѓе се жртви на
трговија со луѓе и колкав е бројот на жртви на сексуална
експлотација.
Мит #3
Со криминализација на побарувачката на сексуални услуги ќе се намали сексуалната работа
Ефективна политика за сексуална работа може да значи различни работи за различни луѓе. Тоа би
можело да значи намалување на бројот на луѓе кои се занимаваат со сексуална работа. Тоа може
да значи намалување на насилството кон сексуалните работници или стапката на ХИВ меѓу нив.
Политиката може само да ги поттикне жените, но да не ги опфаќа мажите и трансродните лица. Но,
само една политика не прави ништо од овие работи.
Ќе го споменеме примерот од Шведска, каде е воведен Шведскиот модел - кој го криминализира
купувањето на сексуални услуги, т.е. клиентите, а не продажбата, т.е. сексуалниот работник, истиот
е прифатен во согласност со пошироките феминистички цели на владата (да, Шведската влада е
официјално феминистичка). Тие тврдат дека нивниот закон Sexköpslagen, донесен во 1999 година,
бил успешен во намалувањето на сексуалната работа овозможувајќи им на сексуалните работници
да излезат од оваа професија, цитирајќи докази од извештајот од 2014 година дека „уличната
проституција е намалена за половина од 1995 година“.
Но, дали е тоа така? Сепак технологијата си го прави своето. Рекламите за нудење сексуални услуги
се имаат зголемено за 50 проценти, што укажува на тоа дека сексуалната работа во последните
години мигрирала од улица до компјутери, при тоа бројот на лица кои во Шведска купиле или
продале сексуални услуги е релативно константен со текот на времето.
Во врска со насилството, според една студија од 2014 година објавена во Британски медицински
журнал поради криминализација на клиентите, се ризикува безбедноста на сексуалните
работници. Во обид да се заштитат, сексуалните работници работат на повеќе тајни локации, каде
сепак ризикот од насилство е поголем, брзаат со проценките на своите клиенти, истите се помалку
способни да преговараат за практикување сексуални односи со заштита (на пример, користењето
на кондоми). Делумно поради сексот без заштита, студијата сугерира дека овој модел кој цели кон
намалување на побарувачката на сексуални услуги може да доведе до зголемено ширење на ХИВ.
Активисти за заштита на правата на сексуалните работници тврдат дека овој закон ги прави сите
сексуални работници жртви. Канада ја разгледува можноста да го усвои шведскиот систем,
меѓутоа, се заклучува дека законот, всушност, би бил неуставен во Канада, бидејќи со тоа би им се
наштетило на сексуалните работници кои се ангажирани во инаку легална активност.
9