S-Work No.80 80 | Page 8

Три митови за сексуалната работа кои им наштетуваат на сите Постојат широко прифатени митови за сексуалната работа кои постојано ги уназадуваат сексуалните работници ширум светот. Политичари и активисти кои ги овековечуваат овие митови веруваат дека спасуваат луѓе. Наместо внимателно да ги разгледуваат фактите со цел да се намали насилството и маргинализацијата кои сексуалните работници секојдневно ги трпат, тие единствено само помагаат во одржување на овие штетни стереотипи. Мит #1 Просечната возраст на која се започнува со сексуалната работа е помеѓу 12 и 14 години Со овој мит се раскажува целата приказна за експлоатацијата и украдената невиност. Сепак, вистината е разоткриена благодарение на многубројните статистички податоци. Во 2014 година, неколку угледни новинарски и истражувачки агенции како Атлантик и Вашингтон Пост успешно го нашле изворот на оваа погрешна информација: студија од 2001 година направена на Универзитетот во Пенсилванија (делумно финансирана од страна на Министерството за правда во САД), која опфатила само малолетници лица во своето истражување. Според нив, студијата е застарена, воопшто не е рецензирана и е со сомнителни наоди (повеќето истражувања укажуваат на просек од околу 16 до 17 години за малолетници кои почнуваат со сексуална работа). Сепак, оваа лага за сексуалната работа сè уште се шири особено на Интернет од страна на непрофитни организации кои се борат против трговија со деца и тинејџери, при тоа наведувајќи ги како доказ лажните статистички податоци за просечната возраст и истите ги користат во сопствени истражувања. Мит #2 Сексуалната експлотација е најчеста форма на модерното ропство Податокот за присуството на сексуалната експлотација како најголема причина за трговија со луѓе е пронајден во билтен на ФБИ објавен во 2011 година, кој исто така упатува на статијата за возраст од 12-14 години. Ова актуелно тврдење доаѓа и од невладината организација DoSomething.org, чија мисија е да ги поттикне младите луѓе да дејствуваат: „Околу 80% од трговијата со луѓе вклучува сексуална експлоатација, а 19% вклучува трудова експлоатација“. Овие податоци најверојатно доаѓаат од студијата од 2009 година направена од страна на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), која ја следеше глобалната трговија со луѓе во 155 земји. Но, кога истата студијата се повтори во 2014 година, бројките беа сосема различни: 53% се вклучени во сексуална експлоатација, додека 40% биле поврзани со експлоатација на труд, што е навистина голема разлика и дава сосема друга слика. Во 2009 година, Си-Ен-Ен објави дека: „Најчеста форма на трговија со луѓе е сексуалната експлоатација“. По оваа објава следеле голем број негативни коментари и демантирања: „Поради тоа што почесто се пријавува, сексуално експлоатацијата стана најчест документиран вид на трговија со луѓе, но сепак оваа форма на експлотација се уште не е доволно објаснета и истражена“. 8