„Да работам слободно, да бидам здравствено заштитена, да бидам заштитена од насилства, дали од
некои клиенти, односно престапници, дали од полиција, воглавном, во најголем дел е здравствената
заштита и заштитата од престапниците околу нас“, вели таа.
Здравствената заштита е особено важна кај сексуалните работнци, бидејќи професијата подразбира
честа промена на партнери. М.Т. тврди дека, иако не е регулирана сексуалната работа во нашата
земја, таа и нејзините колеги, водат сметка за своето здравје.
„Обична жена многу поретко оди на гинеколог отколку сексуалните работници. И мислам дека
сексуалните работници се многу посвесни. Многу се посвесни за ризикот кој го имаат и за начинот на
заштита, а и се заштитуваат многу повеќе од останатите луѓе“, потенцира таа.
Со помош на невладиниот сектор, сексуалните работници веќе имаат изградено став дека бараат
декриминализација и депенализација на сексуалната работа. Целосна декриминализација
подразбира отстранување на сите кривични и прекршочни забрани и казнувања поврзани со
сексуалната работа, вклучувајќи ги и законите кои се насочени кон клиентите или менаџерите и
сопствениците на бордели, регулирање на дејноста според веќе постоечките закони за работни
односи и мерките за заштита на работно место. Овој модел е различен од легализацијата која
подразбира посебен закон само за сексуална работа. Целосната декриминализација подразбира
безбедни работни услови и работнички права, зголемување на пристапот до правда, помош и
поддршка за справување со експлоатацијата и принудувањето, зголемен пристап до здравствени
сервиси и намалување на ризикот од ХИВ и други СПИ, како и намалување на еден од најголемите
проблеми кај нас во Македонија, а тоа е полициското насилство. Единствениот став на Владата по ова
прашање беше искажан на Тркалезната маса за регулација на сексуалната работа на 5-ти декември
минатата година. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, предложи отворање
дебата за модел за регулација, во кој приоритет би биле потребите и барањата на сексуалните
работници.
7