S-Work No.80 80 | Page 6

Сексуалните работници бараат декриминализација на работата со која заработуваат за живот Во Република Северна Македонија не постојат конкретни закони за регулација на сексуалната работа. Сексуалната работа се смета за нарушување на јавниот ред и мир: „Кој се оддава на проституција, како и издава, односно става на располагање простории за вршење на проституција ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност“. Ова е еден од низата селективни закони кој влијае на дигнитетот и човековите права на сексуалните работници, зголемување на насилството и стигматизацијата, како и создавање на недоверба кон самите институции. Иако сексуалната работа е нерегулирана во нашата земја, сепак постојат голем број сексуални работници кои доброволно избрале да ја работат оваа работа. Сексуална работничка од Струмица отворено зборува за својата работа. Таа заедно со заедницата на сексуални работници отворено агитира за промени во општеството и бара декриминализација на сексуалната работа. Таа е самохрана мајка и доброволно ја избрала сексуалната работа за своја професија. „Мислам дека со самата моја борба, барем околината во која што живеам, ја освестувам дека дискриминацијата што ја прават е неправедна. Дека и јас сум дел од таа околина, моето дете е дел од таа околина, дека ние тука припаѓаме и дека не сум ништо поразлична од нив”, истакнува таа. М.Т. вели дека дека сексуалната работа не може да се искорени. Поради тоа, заедно со првиот колектив на сексуални работници во земјава, активно се залага за своите права. 6